5 правила за најбезбедна игра на децата со влакнестите миленичиња

292

Кучето може лесно да стане пријател на децата, но и на целото семејство.

Додека ние возрасните веќе знаеме како да се однесуваме во близина на куче, своето “зрно на мудроста”  треба да го пренесеме на нашите деца.

Овие пет едноставни правила ќе им помогнат на децата безбедно да се запознаат со куче кое ќе го сретнат во паркот, или да играат безбедно со она кое веќе го запознале.

1. Прашајте за дозвола пред да го галите

Научете го вашето дете секогаш да стои малку подалеку и однапред да праша пред да посака да гали куче. Не секое куче сака милување и сите не реагираат на ист начин.

2. Покажете му на кучето дека сте пријателски настроени

Ненадејните движења со рака можат да го исплашат кучето, бидејќи за него претставуваат закана. Кучето така може во секунда да стане агресивно.

За почеток треба внимателно да се сврти погледот (бидејќи, директен контакт со очите за нив може да претставува закана), и со тивок и нежен глас да му се обратите на кучето. Научете ги децата да ја испружат дланката оддалечена неколку сантиметри од кучето. На тој начин кучето ќе може полека да се приближи и да го душка.

Секогаш кога кучето ќе ви се приближи, нежно погалете го под брадата. Кучињата така можат да видат каде ви се рацете, затоа што така се чувствуваат многу побезбедно. Кучето не е играчка и не дозволувајте вашето дете да го влече за уши или опашката.

3. Кучето не е играчка

Откако кучето еднаш ќе ви се приближи, нежно погалете го под брадата. Кучињата така можат да видат каде се вашите раце, и тоа се чувствува многу побезбедно. Кучето не е играчка и не му дозволувајте на вашето дете да го влече за ушите или за опашка.

4. Мислете како кучето

Прашајте ги своите деца: ”Доколку ти сега јадеш или спиеш, дали би бил среќен твојот брат или сестра да почнат да ти пречат?”. На кучето во тие моменти му треба апсолутен мир и не треба да го вознемируваме. Само тогаш кога ќе заврши со јадење или спиење, тогаш можеме да се играме со него.

5. Играјте со две топки

Во моментот кога кучето ќе ви донесе една топка, децата треба веднаш да покажат друга. Кучето тогаш автоматски ќе ја испушти топката од устата за да ја фати другата. Тогаш вашето дете безбедно може да ја собере топката.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk