5 причини зошто обичните гаќи се подобри од тангите

1936

Во последно време трендот на носење танги помалку стивнува и во мода се враќаат обичните гаќички. Памучните стари и добри модели имаат голем број предности, и ние одвоивме пет причини зошто секогаш ќе бидат подобри од тангите.

Обичните гаќички се многу поудобни отколку тангите и не ги “задушуваат” интимните делови

1. Поудобни се

Во категоријата на удобност, обичните гаќички апсолутно ги надминуваат тангите. Не се вовлекуваат во непријатните места, не иритираат, не создаваат болно црвенило.

2. Идеален “партнер” за време на менструацијата

Секогаш обезбедуваат максимално чувство на сигурност за време на менструацијата. Носење на влошки и тампони непријатно е само по себе, но со сето ова, не треба уште и да размислуваме дали некаде ќе нѝ се појави незгодна дамка.

Па токму поради тоа обичните гаќички се совршен сојузник во борбата против несаканите дамки и најудобен модел кои жените можат да ги носат за време на менструацијата.

3. Лесно се одржуваат

Тангите спаѓаат во категоријата на чувствителна облека, така што треба да бидете внимателни како ги миете. Ситни се, па често се “губат” со перењето ако не ги ставите во посебна мрежа, но тогаш нема да се измијат темелно како што треба. Обичните памучни гаќички можете да ги перете на сите температури. Белите без размислување можете да ги ставите и на 90 степени и да ги зовриете, а можете да ги перете и на пониска температура.

4. Подобри се за здравјето

Долната облека треба да биде бариера помеѓу нашите интимни делови и облеката која најчесто е груба и може да иритира. Затоа, обичните гаќички имаат уште еден плус во споредба со тангите. Имено, тенката лента на тангите позиционирана е точно помеѓу анусот и вулвата.

Постојано е во движење и со тоа овозможува пренос на бактерии во вагината и уринарниот тракт. Затоа гинеколозите на жените кои се склони кон уринарни или вагинални инфекции не им препорачуваат да носат танги и ги советуваат сепак да бираат обични гаќички.

5. Не ги “задушуваат” интимните делови

Обичните гаќички се проѕирни и му обезбедуваат воздух на вашиот најинтимен дел од телото. Тангите и други секси гаќички често се направени од не проѕирни материјали или делот меѓу нозете се изработува од памук, а остатокот е направен од синтетички материјали.

Токму тие делови не пропуштаат воздух и затоа се создава голема количина на влага која е погодна за развој на инфекции. Обичните гаќички се направени од чист памук и без примеси на синтетички материјали.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.