Доколку вашите деца се активни на Фејсбук погледнете го ова | Видео

269

За ова треба да се запраша секој родител 

Со цел да ја предупреди јавноста за опасностите кои им се закануваат на децата, кои користат Фејсбук познатиот јутјубер Коби Персин одлучи да спроведе социјален експеримент.

Тој оваа идеја ја добил по еден настан, кога таткото својата ќерка ја спасил од сексуално злоупотребување.

Коби во договор со родителите на Фејсбук комуницирал со три малолетни девојчиња. Отворил лажен профил и по само неколку дена успеал да ги натера да се сретнат. Иако сѐ укажувало на опасност, девојчињата се согласиле на состанок, а една од нив дури и влегла во непознато комбе.

За среќа ова бил само експеримент, а таму ги дочекале нивните родители, кои им објасниле што се можело да им се случи.

Психологот др Барбара Гринберг предупреди дека случаите во кои тинејџери разговараат со странци и се наоѓаат со нив има многу повеќе отколку што родителите сметаат.

– Не станува збор за тоа дека тинејџерите не се грижат за ризиците. Она што се случува со тинејџерките е дека сметаат дека користа е многу поголема од ризикот. Возбудливо е да се добие внимание од маж и тие повеќе размислуваат за тоа, отколку за опасностите, додава Гринберг.