Во целосно мрачен и неверојатно длабок дел на Тихиот Океан, недалеку од брегот на Јапонија, снимена е риба која постави нов рекорд во длабочина.
Јапонски научници снимија риба полжав на 8.336 метри под нивото на морето во близина на брегот на Јапонија. Ова е најголемата длабочина на која е забележан вид риба досега. И претходниот рекорд беше длабок 8178 метри, а таа снимка е направена во Маријанска Бразда (Mariana Trench).
Научниците спуштија автономна „лендер“ камера во браздата Izu-Ogasawara во близина на Јапонија и снимија риба полжав, за која проценуваат дека е на или многу блиску до максималната длабочина што секоја риба може да преживее, пренесува BBC News.
Ако рекордот е соборен, тогаш тоа е само незначително, потенцијално за само неколку метри, изјави за весникот професорот Alan Jamieson, научник за длабоки мориња од University of Western Australia.
DEEPEST LIVING FISH "SNAILFISH" https://t.co/X5X5zlY52Q #snailfish pic.twitter.com/oJqwqPQ3eI
— Tiger News Report (@TigerRepor) April 2, 2023
Научниците веруваат дека снимената риба полжав припаѓа на видот Pseudoliparis, но не уловиле примерок за целосно да го идентификуваат видот. Наместо тоа, научниците уловиле неколку риби малку повисоко во водата, на длабочина од 8.022 метри, кои ги идентификувале како Pseudoliparis belyaevi и поставиле рекорд за најдлабока уловена риба некогаш.
Претходната најдлабока забележана риба во Маријанската Бразда е идентификувана како маријанска риба полжав во 2014 година. Рибите полжави живеат во најдлабокиот дел на океанот, познат како Hadal zone, каде длабочините достигнуваат од 6.000 до 11.000 метри и каде има целосен мрак, покажуваат податоците на National Oceanic and Atmospheric Associationa.
Jamieson шпекулира дека рибите биле способни да преживеат поголеми длабочини од оние пронајдени во Маријанската Бразда поради малку потоплите води во ровот Izu-Ogasawara.
Предвидовме дека таму ќе биде најдлабоката забележана риба, а предвидовме и дека ќе биде риба полжав. Се фрустрирам кога луѓето ми велат дека не знаеме ништо за длабокото море. Знаеме. Работите се менуваат многу брзо, изјави на крајот Jamieson.