Замислете дека го јадете она што го посакувате
Малку чудно, но зошто пак да не пробате. Во суштина слични претстави би ја зголемила желбата да ја добиете забранетата храна за која сонувате, но според новото истражување ментална слика во главата всушност ќе ги скроти вашите страсти. Ние сепак остануваме малку резервирани кон овој метод …
Помирисајте јасмин
Во случај да често ви се нудат некакви забранети јадења, носете во својата чанта мирис на јасмин. Според австралиско истражување овој мирис ќе го победи вашиот глад.
Дремнете за кратко
Неколку истражувања докажуваат дека недостатокот на доволно сон е поврзан со пониска отпорност кон гладот за нездрава храна. Затоа, ако почувствувате дека сакате да каснете нешто штетно, наспијте се дури само на 10-15 минути. Во случај да ја немате таа можност, едноставно легнете или потпрете се на столот со затворени очи.
Каснете протеини и влакна
Тие ќе ви помогнат да се чувствувате сити подолго време, бидејќи овие хранливи материи се мелат побавно од организмот. Јатки како ‘фстак и бадеми се одлична можност со која ќе ја избегнете нездравата храна.
Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















