ОПАСНОСТ ОД ВСЕЛЕНАТА Ѝ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗЕМЈАТА | Ако не се стори нешто, животот би можел да ни биде радикално променет

2834

Европската вселенска агенција (ESA) се подготвува да го расчисти вселенскиот отпад кој во моментов кружи околу нашата планета.

Како што покажува видеото подолу, вселенскиот отпад околу нашата планета е се повеќе концентрирано, пишува Mirror.

Опасност за многу сателити од чии услуги зависиме

Ако сте го гледале филмот „Гравитација“, знаете како вселенскиот отпад – остатоците од старите сателити, ракети и други ситни честички, можат да бидат неверојатно опасни.

Поголемите парчиња претставуваат ризик за Меѓународната вселенска станица и сателитите во орбитата на Земјата, кои обезбедуваат услуги како што се GPS, телекомуникации, временска прогноза или набудување на површината на Земјата.

Од 18 до 21 април, светските експерти се сретнаа во Европскиот центар за вселенски операции на ЕСА во германскиот град Дармштат, на 7-та Европска конференција за отпад од вселената.

Се расправало за проблемот со остатоците во вселената и што би можело да се направи за да се осигура дека сателитите од кои зависиме продолжуваат да работат безбедно.

Image

Мрежи, харпуни и пипала …

Се дискутирало и за нови концепти како поставување на големи „констелации“ од неколку илјади телекомуникациски сателити.

ЕСА претходно ги има објавено плановите за мрежи со тегови кои би се фрлале на парчињата отпад за да се фатат. Тоа е една од неколкуте можни техники за чистење на просторот предложени од Европската вселенска агенција. Другите вклучуваат харпуни, пипала и роботски раце.