Да се заземе став не е исто што и да се изнесе мислење. Џудистите, каратистите, боксерите заземаат став против своите ривали. Таа позиција може да биде воена, одбранбена …
А мислител искажува мислење во разговор со соговорникот, и колку и да е различно, тоа никогаш не смее да биде причина за понижување, навреда, кавга, а уште помалку за гнасни удари, како што се строго забранети во боксот – под појасот. Под појасот на нечие достоинство …
Дали има фер-плеј на денешните телевизии? И дали поради отсуството на култура на разговор нема демократија? Дали на човекот му се суди само затоа што е чесен во своето мислење, макар тоа било различно од она во чиј дом наминал, или, пак, треба да се придржува до мислењето на домаќинот? Или фер е да надвладееме над сите добри дела што ги направил за човештвото, а тоа да не сме го забележале. Или, кому му е грижа за уметничките достигнувања и пораки што уметноста ги испраќа?
Се разбира, кога културата одамна е исфрлена од нашите телевизии. Никој не зборува за дела, се се сведува на „рекла-казала“ …
Актерот со својот говорен апарат, пренесувајќи ги мислите на големите писатели, испраќа многу посилна порака од било која ТВ програма и го прави ова општество подобро, а тоа, неговите политички ставови, никако не можат да го расипат. А кога во својот уметнички процес ги вклучува и лицата со ментална попреченост, дали нешто друго е поважно? Дејствата зборуваат … зборовите поминуваат … Можеме да се согласиме со нив или не. Но, тие не ја намалуваат актерската дарба и мисијата!
Дали таков уметник кој размислува навистина мора да биде распнат? А водителката која го ставила на тој ист крст, се чини, дека немала цврсти аргументи за тоа, со што ја покажала својата беспомошност. Ех, ако го правела тоа со оние кои се од другата страна на законот, дали би била толку „храбра“ со нив?
Ако единствената цел на дијалогот е да се навредува, понижува, омаловажува, тогаш зошто демократија поради која толку силно се удираме. Колку чини – тоа е вистинското прашање? И дали ваквото прашање ги става на исто рамниште и телевизијата и дотичниот водител со оние телевизии кои ги критикуваме и од кои се срамиме.
Колку чини воопшто нечиј подарок и дали се мора да се наплати и изрази во пари? Дали е можно дека сме дошле до заклучок дека парите го диктираат нашиот поглед на светот? Дали некој помислил на искрено верување во идеологијата што ја следиме … Изразување мислење – верувам дека има цена! Само тоа не се мери со банкноти. Цената е многу повисока!
Скромноста е вештина на големите.
Среќа, сè уште ги има. Знаат да ги релативизираат ваквите разговори, да не паѓаат во замки, да не реагираат страсно и да признаат кога мислат дека грешат, но и интелигентно да ни покажат колку се големи, а тие, спроти нив, се мали.
Сè додека на нашите телевизии нема почит кон дијалогот на неистомислениците, никогаш нема да напредуваме како општество. Сè додека сме поделени на вакви и онакви, на добредојдени гости и персони нон грата, не можеме да очекуваме просперитет на државата.
Поради непочитување на туѓото мислење уште долго ќе цапаме во калта.



















