Нова играчка ќе им помага на жените во кревет

327

Откако родила дете, 31-годишната Сара се чувствувала загрижена во кревет. Таа признава дека брзо ги симнала килограмите после бременоста, но и покрај тоа, сексот со нејзиниот сопруг не бил како порано.

Денес сепак работите веќе не се исти. Сара е среќна со својот љубовен живот и признава дека дури и сопругот е импресиониран. Која е тајната? Решението на проблемите на Сара е 5-сантиметарски апарат кој ја засилува мускулатурата на карлицата и е новиот хит меѓу дамите во САД, пишува американското списание “Њујорк пост”.

Откако ќе биде поставен во вагината, жените ги користат своите мускули за да го стискаат апаратот кој може да се поврзе преку блутуут за мобилна апликација. Во него дамите можат да ја следат со своите телефони промената и состојбата на карличните мускули.

“Elvie”, како што е името на уредот, чини 199 долари и според неговите производители тоа веќе стигнало до многу познати личности. “Не можам да споменам имиња, но можам да кажам дека многу личности го користат ”Elvie“, рече Тања Болјер извршен директор на лондонската компанија ”Chiaro“, која го произведува апаратот.

“Мојот маж е Французин и начинот на кој Французите се однесуваат кон здравјето на карлицата, е многу различно од оној на Американките и Британките. Враќањето на силата на карлицата е од фундаментално значење. Затоа сакавме да обезбедиме нешто за што жените ќе се возбудени да зборуваат и го користат“, рече уште Болјер. За да го направи апаратот уште подостапен за младите жени, телефонската апликација има и функција за игра во реално време. Во неа дамите можат да го стискаат и ладат апаратот, со клик на точки на вашиот телефон.