Десет интересни факти за бебињата

178

Дали знаевте дека во светот на секои осум секунди се раѓа по едно бебе или дека една жена во Мексико родила 69 деца? Следуваат уште неколку занимливости…

Мажите се побрзи и повешти во менувањето пелени. Татковците оваа работа ја извршуваат за една и пол минута, додека на жените им требаат три минути. Оваа појава се објаснува со тоа што мајките се галат и бакнуваат со своите бебиња додека ги пресоблекуваат, а татковците „не губат“ време на такви активности.

Просечната тежина на новороденчињата изнесува 3.300 грама. Во првите три месеци од животот тежината на главата на бебето изнесува една четвртина од вкупната тежина.

Бебињата, чии мајки барем еднаш неделно во бременоста конзумирале риба имаат поголем коефициент на интелегенција од бебињата, чии мајки не се љубители на оваа храна. Освен тоа забележано е дека бебињата со повисок IQ порано прозборуваат и имаат побогат речник.

Уште во десеттата недела од бременоста може да се процени дали бебето ќе биде левак или деснак.

Едно од 15 бебиња на возраст од 15 месеци може да отвори шише со безбедносен затворач. Затоа лековите и хемикалиите чувајте ги во заклучено шкафче.

Заблуда е дека сите новородени бебиња имаат сини очи.

Честата употреба на освежувачи на воздух може да предизвика стомачни проблеми кај вашите бебиња.

Бебињата се раѓаат со 300 коски во телото, додека возрасните имаат 206. Подоцна повеќе мали коски кај бебињата се спојуваат во една.

Бебињата родени во мај во просек се потешки од оние родени во некој друг месец.

Бебињата, на чии први чекори, им претходел долг период на ползење имаат подобри предиспозиции за занимавање со спорт, од оние кои не ползеле.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување