Ја довел својата прабаба (93) како партнерка на матурската вечер

101

Кога дошло време да оди на матурската забава, американскиот тинејџер Дру Холм немал девојка.

Кога прабаба му Кејти го прашала дали е подготвен за забавата, тој и рекол дека нема да оди затоа што нема партнерка. Кејти во шега му рекла дека таа ќе му биде партнерка, што Дру го сфатил сосема сериозно.

Тој следниот ден отишол кај директорот на училиштето и му рекол дека на матурската вечер како партнерка сака да ја доведе неговата 93-годишна прабаба, затоа што таа е „најубавата жена во неговиот живот“.

Кога Дру и Кејти се појавиле на забавата во средното училиште биле поздравени со громогласен аплауз. Тие танцувале и се забавувале како никогаш порано, а Дру воопшто не обрнувал внимание на тоа што мислат неговите соученици за изборот на партнерката.

Кејти изјава дека оваа матурска забава и била најубава во животот. – Јас еднаш веќе бев на матурска забава, но таа се оддржуваше во црква и имавме убави фустани, изјави прабабата.

Најважното во сето ова е дека и двајцата убаво се забавуваа, а Дру се надева дека прабаба му доволно ќе поживее, за да ја одведе и на забавата за дипломирање на факултетот.

Што се оденсува пак до љубовниот живот на Дру, тој по матурската забава сепак успеал да си најде девојка.