Депресијата е причина за значително поголем ризик од срцевите заболувања, се наведува во студија изработена врз основа на истражување спроведено во САД, со учество на жени во средни години.
Истражувачите од „Ридинг Хоспитал“ во период на 10 година следеле околу 1.100 испитаници на просечна возраст од 55 години.
Истражувањето покажало дека кај жените на средна возраст кои немаат историја на срцеви заболување, депресијата е единствен значаен фактор за ризик од боелсти на срцето.
Според податоците за САД, срцевите заболувања се прилина за една четвртина на сите смртни случаи годишно.
Научниците врската меѓу депресијата и срцевите заболувања ја објаснуваат со последиците на делувањето на хормонот за стрес.



















