Се плашите да се вљубите? Луѓето денес не знаат како лудо да сакаат

533

Зошто односите денес се толку тешки?

Зошто во љубовта сме неуспешни, без оглед на целиот труд?

Зошто луѓето наеднаш станаа толку неспособни да одржат траен однос?

Дали заборавивме како е да се сака? Или уште полошо, дали заборавивме што е тоа љубов?

Не сме подготвени. Не сме подготвени за жртви, за компромиси, за безусловна љубов. Ние не сме подготвени да вложиме се што е потребно односот да функционира.
Сакаме се да е едноставно. Ние сме луѓе кои брзо се откажуваат. Доволна е само една пречка да не обесхрабри. Не дозволуваме нашата љубов да расте, ние си одиме пред време.

Тоа што го бараме не е љубов, само е возбуда и воодушевување во животот.
Ние сакаме некој кој со нас ќе гледа филмови и ќе се забавува, а не некој кој ќе не разбере, дури и во најдлабоката тишина. Го поминуваме времето заедно, не создаваме спомени.

Не сакаме здодевен живот. Не сакаме партнер за животот, само некој кој може да направи да се чувствуваме живи токму сега. Кога ќе исчезне возбудата, откриваме дека никој не не подготвил за приземјување.

Не веруваме во убавината на предвидливоста бидејќи сме заслепени со возбудувања од авантурите. Ние сме длабоко во хаотичниот градски живот, а тој не ни остава простор за љубов.

Ние немаме време за љубов, немаме трпение да работиме на односите. Ние сме луѓе зафатени со трчање по материјалистички соништа и тука нема место за љубов. Ние бараме инстант задоволство во се што правиме, во работите кои ги вршиме на интернет, во кариерата која сме ја одбрале, во луѓето со кои сме одлучиле да бидеме.

Сакаме зрелост во односот кој доаѓа со времето, емоционално поврзување какво што се развива во текот на годините, тоа чувство на припадност, кога едвај и го познаваме другото лице.

Очигледно, ништо не е вредно за нашето време и трпение, дури ни љубовта. Ние попрво ќе поминеме еден час со стотици луѓе , отколку еден ден со едно лице. Ние веруваме во повеќекратни „опции‟. Ние сме „социјализирани‟ луѓе. Повеќе сакаме да сретнуваме луѓе отколку да ги запознаваме. Ние сме лакоми. Сакаме да имаме се.

Продолжува на страна 2