Во аптеките се продаваат многу различни видови пробиотици, кои се одличен додаток кога треба да го подобрите имунитетот, кога пиете антибиотици и кога на некој начин имате нарушување на дигестивниот систем.
Добра вест е што можете да ги внесувате и преку одредени хранливи продукти, кои ги содржат пробиотиците во помал или поголем процент.
Со помош на ваквата исхрана, можете да бидете сигурни дека поретко ќе имате пад на имунитетот и полесно ќе се борите против воспаленија и инфекции.
Еве кои продукти ги содржат:
Мајчино млеко
Наменето е само за бебињата, за на природен начин да воспостават баланс во цревната флора и да го подготват организмот за натамошната исхрана. Секоја мајка која може, треба да го дои своето бебе, за да се осигура дека тоа ги добива сите потребни хранливи материи.
Домашно кисело млеко
Киселото млеко кои самите го поткиселуваме е многу подобар избор од она во продавниците, бидејќи сме сигурни дека користиме млеко со добро потекло. Млекото од крави, кози и овци кои паселе свежа трева има повеќе пробиотик од оние кои се хранети со сено и пченкарна каша.
Продолжува на страна 2



















