ПОГРЕШНО НЕ УЧЕЛЕ | Компирите можат да издржат и до 10 недели со овој трик

949

Експерт за кујна откри дека до сега неправилно сте чувале компири. Еве што треба да знаете.

Нема ништо полошо од тоа да видите како компирите што сте ги купиле пред неколку дена стануваат зелени и почнуваат да никнуваат. За среќа, експерт за кујна откри како правилно да ги чувате и дека на тој начин може да траат и до 10 недели.

Споделувајќи ги своите совети, Mike од Kitchen Tips Online започна со попис на работите што треба и што не треба да се прави.

Компири во фрижидер

Тој објасни дека чувањето компири во фрижидер не е толку добро како што некои луѓе претпоставуваат.

„Сите сме слушнале, можеби баба ти ви кажала, да ги ставите компирите во фрижидер. Па, тоа навистина не е добра идеја, бидејќи компирот не сака ниски температури“, рече тој. Компирите претпочитаат температури меѓу четири и 10 Целзиусови степени, а компирот исто така сака влага.“

Проблемот на светлината

Мајк предупреди дека светлината може да предизвика вашите компири да станат зелени, што всушност е токсично. Наместо тоа, Мајк рече да ги чувате компирите на ладно и суво место, како подрум нпр.

Тој објасни: „Кога живеев во Охајо, ги ставав моите компири во подрум, во кофа, и тие рутински траат од осум до десет недели“

Сад за печење

Но, ако немате подрум, Мајк открил дека можете да направите нешто друго.

Тој објасни: „Она што го правам е да користам сад за печење. Ставам неизмиени компири, не ги мијте и не ја допирајте кората, и рамномерно ги распоредувам околу садот, кој потоа го ставам во фиока во мојата кујна“, пишува TheSun.