Неколку факти за вагината

906

Женската анатомија е необична. Често чувствуваме грижи да зборуваме за неа, а не треба. Важно е да е прашуваме, да знаеме да ги споделуваме своите грижи. Денес споделуваме неколку факти за вагината кои секоја жена треба да ги знае.

Има околу 8.000 нервни завршетоци во областа на клиторисот, додека пенисот има само 4000. Затоа, оваа мала површина од женското тело, се смета за најчувствителната ерогена зона.

Моќните чувства можат да се дистрибуираат низ цела карлична област на жената, при што влијаат 15000 други нервни завршетоци.

Вагиналните мускули можат да се прошират до 200% за време на сексуален однос или раѓање.

Вагините се доволно силни за да ја ограничат пенетрацијата на пенисот или неговото повлекување. Ретко е, но е сосема можно, за време на сексуален однос, пенисот да се приклешти во вагината. Состојбата се нарекува “penis captivus”.

Вагината има способност да се чисти со помош на природни секрети. Затоа е многу важно каква интимна козметика користите, бидејќи тоа може да влијае на здравиот баланс на бактериите и нивото на pH.

Вагината (и вулвата) се разликуваат по форми, големини и бои. Затоа не постои таков термин како стандард за вагина.

Верувате или не, вагината може да се поти, без разлика дали вежбате или надвор температурите се високи. Затоа е важно да носите долна облека, која е изработена од 100% памук, наместо од свила или синтетички материјали. Ова ќе ѝ овозможува на кожата да дише.

Сите знаеме дека вагината има природна миризба, која во голема мера зависи од тоа каква храна и пијалоци конзумираме.

Не е можно да изгубите нешто во вагината. Грлото на матката е премногу мало за да помине нешто во него (освен за време на раѓање).

Рефлектор е гинеколошки средство кое се користи од страна на лекарите уште во 1300 г.пр.н.е.

Т.н. “вагинални гасови” за време на секс се случуваат на речиси сите жени и се нешто сосема нормално. Тие можат да се јават и кај некои форми на вежбање.

Не само мажите ејакулираат. Ретко, но се случува и некои дами да ја доживеат женската ејакулација. Тоа е течност која се одвојува од парауретралните жлезди на уретрата.