Гените на коронавирусот, детскиот имунолошки систем, детското зрачење во Чернобил, Делта и вакцинацијата, пост-мoртална студија, експериментална вакцина…

1586

За нашите читатели и пошироката јавност, продолжуваме, како што ветивме, со нашите научни вести.

Овој пат зборуваме за седум кратки научни информации, наоди и истражувања од научни списанија, а сѐ заради вас, за да можете да ги запознаете што е можно полесно и попрецизно.

Вести од науката

1. Дали гените на коронавирусот „спијат“ во хромозомите на човекот?

Иако клучните докази сѐ уште не постојат, студиите за човечки клетки сугерираат дека сегменти од RNA на вирусот SARS-CoV-2 можат да се претворат во DNA и на тој начин да ги населат хромозомите на човекот. Ако ова е точно, тогаш може да се објасни појавата на позитивните наоди кај пациенти кои веќе се опоравиле од болеста. Ваквите наоди шокираа дел од научната јавност под имплицирајќи дека mRNA вакцините може да се интегрираат во човечкиот геном. Авторите на статијата, Rudolf Jaenisch и Richard Young, врвни научници од Massachusetts Institute of Technology (MIT), претрпеле бројни критики, но сепак направиле дополнителни експерименти со некои од најжестоките критичари, а новите експерименти ја потврдиле интеграцијата, барем на ниво на експериментален модел кој го примениле. Повеќето критики (Science) се однесуваат на стравот дека интеграцијата се јавува по вакцинацијата против mRNA.

Продолжува на страна 2