6. Стапките на пренос и вакцинација на SARS-CoV-2 влијаат врз судбината на соевите отпорни на вакцини
Вакцините се сметаат за најдобро достапно решение за борба против тековната пандемија SARS-CoV-2. Сепак, појавата на соеви отпорни на вакцини може да се случи премногу брзо за сегашниот развој на вакцината да ги ублажи здравствените, економските и социјалните последици од пандемијата. Со цел да се измери и карактеризира ризикот од такво сценарио, авторите создадоа модел изведен од SIR со почетна стохастичка динамика на сој отпорен на вакцина за да ја проучат веројатноста за нејзино појавување и утврдување.
(SIR е еден од наједноставните математички модели на заразни болести. Моделот се состои од три дела:
S: Број на подложни индивидуи. Кога чувствително и заразено лице доаѓат во “заразен “контакт“, чувствителното лице се заразува и преоѓа во инфективниот дел;
I: Број на заразени лица. Тоа се лица кои се заразени и можат да заразат подложни лица,
R: е бројот на лица закрепнати или починати. Се претпоставува дека бројот на смртни случаи е занемарлив во однос на вкупното население“).
Користејќи ги параметрите што реално потсетуваат на преносот на SARS-CoV-2, моделирана e пандемиска бранова шема и разгледано е влијанието на стапката на вакцинација и јачината на мерките за нефармацевтска интервенција врз веројатноста за развој на отпорен вид. Како што се очекувало, авторите откриле дека брзата стапка на вакцинација ја намалува веројатноста за развој на отпорен вид. Кога се случило ублажување на нефармацевтските интервенции во време кога повеќето индивидуи во населението веќе биле вакцинирани, веројатноста за развој на отпорен вид е многу зголемена. Резултатите сугерираат дека креаторите на политиките и поединците треба да размислат за одржување на нефармацевтските интервенции и однесувања за да се намали преносот во текот на целиот период на вакцинација (Nature.com).
Продолжува на страна 7



















