Дали честото јадење по малку помага при слабеење?

1288

Покрај потрошувачката на многу вода, здрава храна и елиминацијата на газираните пијалаци од менито, еден од најраспространетите совети за губење на тежината е да јадете почесто, но по малку.

Теоријата е дека на тој начин се забрзува метаболизмот, а апетитот се држи под контрола. Звучи логично, но се чини дека науката, која ја поддржува оваа теорија, не е толку јасна како приказните за успехот во социјалните мрежи.

Иако податоците околу оваа теорија се збунувачки, некои експерти сметаат дека ваквата стратегија може да ни биде од корист во симнувањето на вишокот килограми.

Ако сепак одлучиме да се обидеме со овој пристап, добро е да ги почитуваме овие совети.

Да јадеме масти, протеини и јаглехидрати на секој оброк

Малите јадења треба да се урамнотежени, исто како и главните. Тоа значи дека треба да вклучиме извор на здрави масти, протеини и јаглехидрати со висока содржина на влакна.

Да се ​​пресметаат калории за секое јадење

Кога ја организираме исхраната во повеќе мали оброци во текот на денот, важно е да ги собереме сите калории кои сме планирале да изконсумираме за целиот ден.

Прво треба да се пресмета бројот на калориите за денот, а потоа да ги поделиме на 5 или 6, во зависност од бројот на оброците кои ги планираме. Така ќе знаеме по колку калории треба да изконсумираме при секој оброк.

Секој оброк треба да биде на помалку од 4 часа

Ако се храниме често и по малку, времето е исклучително важно. Не треба да минуваат повеќе од четири часа без да има исхрана. Значи, ако доручкувате во 6 наутро, тоа значи дека следните оброци ќе бидат пред 10:00 часот., 14:00 ч., 18:00 ч., 9:00. и 11:00 часот.