Гените на коронавирусот, детскиот имунолошки систем, детското зрачење во Чернобил, Делта и вакцинацијата, пост-мoртална студија, експериментална вакцина…

1586

4. Делта варијантата кај целосно вакцинирани лица

Во документот потпишан од научници од неколку американски институции, меѓу кои се и Center for Disease Control and Prevention, Massachusetts Department of Public Health, Broad Institute, Cambridge, Massachusetts, го споредува појавувањето на инфекцијата „Ковид-19“ кај целосно вакцинираните и невакцинираните лица за време на големи собири. Во јули 2021 година, по неколку големи јавни настани во округот Barnstable, Massachusetts, биле идентификувани 469 случаи на КОВИД-19 меѓу жителите на Massachusetts кои патувале во град од 3 до 17 јули; во 346 случаи (74%) инфекцијата се случила кај целосно вакцинираните лица. Тестирањето открило делта варијанта во 50% примероци од 133 пациенти. Во написот се дискутираат мерките за јавното здравје, особено за време на големи собири на патници од различни области со различен степен на инфекција и пренос на вируси, без оглед на статусот на вакцинација.

Продолжува на страна 5