Кажете им зошто не сакате да пушат, пијат или да употребуваат некои други супстанци. Бидете им пример, бидејќи вашето однесување говори повеќе од зборовите.
Важно е да ги научите децата да ги решаваат проблемите. Нагласете дека „дувањето“ нема долгорочно да им ги реши пробемите со пријателите или со силеџијата во училиштето. Доколку им е тешко отворено да разговараат со вас, нека ви напишат писмо или мејл и на тој начин нека го појаснат својот проблем.
Пубертет
Иако децата во овој период ќе го доведуваат во прашање авторитетот на родителите, вашите совети и упатства ќе им бидат попотребни од кога и да е. Всушност ова е најважниот период во нивниот живот, кога е во прашање земањето дрога. Мошне е важно да ги научите да и кажат „не“ на дрогата.
Децата, кои не знаат како да реагираат доколку им се понуда алкохол или други супстанци или оние кои не знаат како да се извлечат од проблематичните ситуации, полесно подлегнуваат на притисоците.
Затоа „изглумете“ ги овие ситуации и понудете им решение. Појаснете им дека најважно е пред се да имаат длабоко почитување кон самите себе си и кон своето неприкосновено право на слободен избор, како и дека ќе бидат многу попочитувани од околината доколку цврсто заземат свој став.
Пубертетот неизбежно влијае врз децата, па затоа се чувствуваат ранливо, несигурно. Затоа секога фалете ги нивните успеси и трудот, кој го вложуваат. Охрабрете го синот да ги купи патиките, кои навистина му се допаѓаат, а не оние кои ги носат сите во училиштето. Поттикнете ја ќерката да се дружи со вистинските пријатели, а не со „фраерите и рибите“.
Бидејќи во периодот на адолесценцијата се скоцентрирани на својот изглед, искористете го тоа и појаснете им дека цигарите ќе влијаат на лошиот тен и на косата, а алкохолот на тенот и „пивскиот стомак“.
Позитивното размислување, вистинските животни вредности и добрите пријатели се најдобра одбрана од сите опасности.


















