Еве зошто жените на 30 години се најпосакувани сексуални партнерки

376

Според истражување што го спроведе страница за состаноци во Америка, жените во своите 30-ти (односно периодот меѓу 28 и 35 години) го доживуваат својот сексуален врв.

Исто така, тие се и најпосакувани сексуални партнерки кај машката популација. Ова се неколку интересни причини зошто е тоа така.

Прифаќање на сопственото тело

Во оваа фаза од животот тие точно се свесни за своите квалитети и недостатоци, а манекенките од насловните страници не им се мерило за убавина. А кој не би сакал да биде со жена која добро се чувствува во својата кожа?

Сексуална сила

Најчесто до оваа возраст тие имаат зад себе најмалку еден поранешен партнер, а во просек и повеќе, па точно знаат што им е убаво, а што не. Веќе ја поминале фазата на експериментирање и не им е непријатно да кажат што посакуваат од партнерот.

Комуникација

Знаат уште пред да дојде до сексуалниот чин јасно да ги постават границите. Исто така, имаат и доста искуство со машкиот ментален склоп и знаат како да го добијат она што го посакуваат, а тој да мисли дека успеал да го добие она што го сакал. Полесно им е и да разговараат за она што им пречи и речиси никогаш нема да премолчат ако нешто не им било убаво.

Привлечност

На оваа возраст, привлечноста добива сосема нов контекст. Ако во минатото приоритет бил физичкиот изглед, тие сега знаат дека можат да играат и на картата на самостојност, храброст, искуство и интелект, квалитети што им се доста попривлечни на мажите, особено на оние кои се некоја година помлади од нив.