Најверојатно најнепријатна фаза во возраста која се мери со едноцифрен број на годината е онаа кога децата имаат напади на бес од причини кои ниту може да се разберат, ниту да се предвидат. Ако сте токму сега сте во таква фаза, да ве утешиме: не се единствени.
Понекогаш, поводот за напад на бес е очигледен, детето сака играчка, вие не сакате да му ја купите и ете го на подот на продавницата како вика од петни жили удирајќи со нозете. Или вие сакате да тргнете од паркот дома, а детето сака да спие на нишалките.
Тие ситуации се сами по себе непријатни, но сепак не се чувствувате како да губите здрав разум, затоа што сепак ви е јасно зошто детето вика (иако би биле среќни тоа да не се случува). Но кога малите деца беснеат, а вие не знаете дури ни зошто, најверојатно ќе посакате да побегнете (врескајќи исто така).
Еве зошто децата имаат напади на бес
- Сте го погледале детето
- Не сте го погледнале детето
- Неговиот брат или сестра нешто ви зборуваат
- Сте му додале погрешна боичка
- Грицките се многу крцкави
- Некој го помилувал по косата (и го потсетил на шишање)
- Не му е дозволено да користи електрични апарати
- Му се смеете поради нешто што сторило
- Не разбирате што ви зборува
- Сте го прашале нешто
- Сте го исекле сендвичот на две половини
- Супата се лади многу долго време
- Мама се тушира
- Мама е во тоалет
- Некој слјчајно ја урнал кулата од коцки која ја направило
- Сами допишете…
И само да напоменеме – ова нема никаква врска со воспитувањето. Сите деца поминуваат низ тие фази. На вас е само да не изгубите нерви до тој момент (што е и причина поради која ви ја претставивме оваа листа).



















