Ова се 13 прашања кои треба да ги поставите на вашиот партнер пред брак

6584

Многу парови избегнуваат тешки прашања се додека не стане предоцна

“Кога станува збор за бракот, она што не знаете навистина може да ви наштети”, почнува Елинор Стенфорд за New York Times.

Без разлика дали се работи за срамежливост, недостаток на интерес или желбата да се сочувува романтичната таинственост, многу парови не се прашуваат едни други сооние тешки прашања кои можат да помогнат во изградбата на темелите на стабилен брак.

“Ако не се расчистат проблемите пред бракот, ќе морате тоа да го направите додека сте во брак”, вели Роберт Штука, извршен директор на Националниот институт за подобрување на односите. Може да биде тешко да се чува тајна со децении, а резервираноста пред брак може да доведе до разочарување во иднина.

Пред влегување во брак или врска поставете ги овие 13 прашања на вашиот партнер:

1. Дали вашето семејство ги фрла чиниите, мирно ги решава проблемите или тивко згаснува кога настапува недоразбирање?

Ова прашање ќе ви помогне да добиете одговор на тоа како вашиот партнер во иднина ќе ги решава проблемите, односно, ќе дознаете на кој начин ќе ги реши проблемите.

2. Дали ќе имаме деца, и ако имаме, дали ќе ти биде тешко да менуваш пелени?

Пред бракот, брачните парови треба искрено да разговараат за тоа дали тие сакаат да имаат деца, колку деца би сакале да имаат, и во кој момент би сакале да ги имаат.

3. Дали искуството со нашите поранешни врски ќе ни помогне или одмогне?

Луѓето не толку со кеиф зборуваат за своето минато и може ретроактивно да се чувствуваат љубоморни и склони се да осудуваат. Бидејќи некои студии покажаа дека луѓето кои биле во многу сериозна врска се склони кон разводи и нискиот квалитет на брачерн живот, единствениот начин да се справат со ова прашање и соочат е да прифатата дека имале живот пред да станат пар (двојка).

Продолжува на страна 2