Еве што секоја мудра жена знае пред да подигне кредит!

5865

Освен ако не сте наследиле пари од вујко, кој живеел во Австралија или не сте имале имот кој сте го продале под многу добри услови (да не набројуваме понатаму), факт е дека еднаш во животот ќе ви треба заем.

Колку и да сакате тоа да си го признаете или не. Купување или реновирање на вашиот дом, купување на мебел или автомобил, свадба од соништа – сèто бара значителни суми на пари. Парите кои во моментов можеби ги немате, а кои можете да ги добиете преку заеми.

Ако размислувате да го преземете тој чекор, прво разгледајте ги следниве шест работи.

1. Проценете ја вашата кредитна способност.

Пресметајте колку чинат трошковите во домаќинството и кој износ на ратата на кредитот, реално, можете да ја отплаќате. Банките најчесто ќе одобрат кредит врз основа на вашиот приход, но тоа не значи дека сте навистина подготвени да го поднесете тој трошок.

2. Избор на банка со најдобри услови.

Каматната стапка на кредитот е различна во различни банки, но не постои некоја премногу голема разлика. Она на што би требало да обрнете внимание е, се разбира, достапноста на банкарските филијали, на квалитетот и брзината на услугата, достапноста на електронското и мобилното банкарство, условите за дозволено пречекорување на трансакциската сметка. Што повеќе филијали банката има, толку е полесно да комуницирате со неа.

3. Средства за обезбедување на кредитот.

Ниту една банка нема да ви даде кредит “на убави очи”. Таа ќе бара одредени средства за обезбедување, во случај на ситуација да не можете да ја плаќате месечната рата. Во зависност од намената на кредитот, најчестиот начин на обезбедување се хипотека, меница, полиси за осигурување и жиранти.

4. Видови на кредит.

Информирајте се за видовите на кредити кои постојат – не се сите кредити исти, како и каматните стапки. На пример, банките нудат подобри услови за наменски кредити, но помалку флексибилност, додека ненаменските кредити побрзо и пофлексибилно се одобруваат, но, нивната цена е малку повисока.

5. Кеш кредит.

Ако го подигнете овој тип на кредит, побарајте најдобри услови – готовинските заеми се секогаш актуелни во банкарскиот сектор и банките постојано се натпреваруваат во понудата. Секако, вреди да се размисли за нова понуда на овие кредити.

6. План за распределба на кредитот.

Ако подигнувате кеш кредит, испланирајте точно, до најмали детали, како ќе ги потрошите тие средства. Се разбира, откако еднаш ќе го направите тој план, многу е важно доследно да се придржувате до него.

По сето наведеното, сакаме да ви обрнеме внимание и на следново: подигањекредит никогаш не треба, и не би требало да биде избрзана одлука. Се разбира, секогаш имало и ќе има ситуации во кои е неопходен овој чекор, но дури и тогаш е неопходно да се почитува здравиот разум и да ги почитувате фактитекои се наведени погоре.