Драги мајки, научете ги вашите ќерки да си го сакаат своето тело!

9220

Драги мајки, научете ги вашите ќерки да си го сакаат своето тело!

Во денешно време кога многу девојчиња сакаат да бидат „идеални“ за да бидат прифатени во друштвото, улогата на родителите во зајакнување на самодовербата е од пресудно значење.

Ако забележите дека вашата ќерка не е задоволна со своето тело, обидете се да и помогнете. За да биде здрава и правилно да се развива мошне е важно на време да и укажете на нејзината убавина и нејзината единственост.
Следуваат најдобрите начини, на кои ќе и помогнете на вашата ќерка да го засака своето тело:

1. Немојте да дозволите вашата ќерка да слушне дека вие сте незадоволни со своето тело

Избегнувајте ги речениците, со кои го критикувате своето тело. Сите девојчиња ја доживуваат својата мајка како најубава и најдобра жена, која ја познаваат. Вие за нив сте „супермен“, кој лекува кога нешто ќе ги заболи, некој кој се грижи за нивното јадење и некој, кој секогаш ќе биде тука за нив. Речениците со кои го критикувате својот изглед и тело, ја нарушуваат таа убава слика и така тие ќе почнат да гледаат негативно и на своето тело.

2. Кажете и да го сака своето тело

Предложете и на ќерката да се види во огледало и да открие што сака на себе. Обрнете и внимание на нејзината природна убавина, која ја поседува и водете сметка секогаш да бидете искрени.

3. Научете ја дека староста не е ништо лошо

Појаснете и колку значење имаат исхраната и физичката активност за телото и дека со здравиот начин на живот, тоа останува во добра форма, без оглед на годините.

4. Дозволете нејзиниот татко да и направи фризура

Можеби мажите не се најстручни во правењето фризури, но бидете сигурни дека тоа на неа ќе и биде незаборавно искуство. Секое девојче го гледа својот татко како еден од најсилните луѓе, така што вашата ќерка ќе знае да ги цени заедничките моменти.

5. Дозволете и на вашата ќерка да се занимава со спорт (и да се извалка)

Родителите често ги доживуваат своите ќерки како мали принцези. Секако дека тие се тоа, но понекогаш е потребно да си играат во кал и да добијат неколку модринки. Така ќе научат дека физичката активност е поважна, отколку идеалниот холивудски изглед.

Продолжува на страна 2