Поучна приказна | Зошто не треба да им судиме на другите?

1534

Еден ден ученикот го прашал својот учител: „Учителу, кажете ми зошто сите мудреци нѐ учат дека не треба да им судиме на другите? Дали е тоа толку важно? Објаснете ми, Ве молам.“

Наставникот не одговорил веднаш на прашањето, но наместо тоа, на ученикот му дал балон, на кој на дното имало малку кал и побарал од него да застане пред него и да почне да го дува балонот.

Учителот го прашал: „Што гледаш сега?“
„Ве гледам Вас и балонот.“, одговорило детето.
„Надувај го уште малку“, продолжил учителот.

Ученикот ја исполнил наредбата и балонот станал поголем.

„Сега што гледаш?“, учителот повторно го прашал детето.
„Сега едвам Ве гледам Вас, го гледам балонот и калта внатре во него.“, одговорил ученикот.
„Надувај го уште.“, рекол учителот.

Балонот станал уште поголем, а учителот повторно го прашал ученикот што забележува сега.

„Само балон и кал. Ништо повеќе.“, одговорил ученикот.
„Продолжи да го дуваш балонот“, рекол учителот и се повлекол настрана.

Ученикот продолжил да го дува балонот но повеќе балонот не можел да се растега и пукнал, а калта се распрскала врз ученикот. Ученикот се шокирал. Се чувствувал беспомошно. Целиот бил извалкан со кал.

„Сега сфати ли што се случува кога се фокусираме на туѓите недостатоци, слабости и грешки? Кога му судиш на некој човек, ти престануваш да го гледаш самиот човек. Само ги гледаш сопствените оцени и негативни мисли и чувства за него. …и колку повеќе ги зголемуваш овие мисли толку е поголема веројатноста дека калта и нечистотијата на овие мисли ќе те извалка не само тебе туку и околината.“, рекол учителот и го оставил ученикот да размислува….

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.