Одлики налуѓето родени во ОКТОМВРИ

1104

Романтични души

Лицата родени во десеттиот месец од годината се посебно романтични и за нив важи дека се одлични љубовници. Привлечни се за спротивниот пол и можат да освојат кој и да посакаат.

Смирени се

Оние кои се родени во октомври се посебно мирољубиви и ги привлекува мирното и тивкото окружување. Заради својата блага природа имаат малку непријатели. Ретко го засилуваат гласот и губат нервите.

Луѓе полни оптимизам

Никогаш не ја губат надежта и се борат до самиот крај, па затоа се вели дека луѓето родени во октомври имаат заразен оптимизам. Заради него се прилично добри лидери кои ги мотивираат луѓето во своја околина. Имаат позитивни визии дури и во најтешките ситуации.

Висока емоционална интелигенција

Кога се работи за емоционална интелигенција, луѓето родени во октомври, се на самиот врв на листата. Тие не само што се свесни за своите емоции, туку нивната емпатија и социјалните вештини им се подеднакво брилијантни.

Харизматични се

Оваа особина е ретка, но затоа луѓето родени во октомври ја имаат на претек. Заради нивната харизматичност имаат многу следбеници, а другите добро мислат пред да им се спротивстават. Тие живеат со полни гради, па таа е најчестата причина заради која луѓето знаат да им завидат.

Гостопримливи

Кога се работи за гостопримливоста, тие ги заслужуваат сите пофалби. Луѓето родени во октомври се толку љубезни, што ќе се погрижат на другите да им е удобно дури и по цена да жртвуваат некое свое задоволство.

Одлучни се

Луѓето родени во октомври се ориентирани и фокусирани на успесите во животот. Тие ништо не прават половично и ги завршуваат обврските без оглед на тежината.

Важат за светла точка во секоја ситуација

Лицата родени во октомври важат за прилично добри забавувачи. Нивната шармантна и љубезна личност им помага да стекнат наклонетост каде и да се појават, а нивната насмевка знае да ги обои и најтемните ситуации.