Dan Price на сите вработени им дал плата од 70.000 УСД, еве како поминал

1321

Пред пет години, целиот свет го следеше потегот на Дан Прајс, претприемач со седиште во Сиетл.

Имено, тој си ја намали платата од еден милион долари годишно на 70.000 за да може на своите вработени да им исплаќа 70.000 долари.

Дан, сопственикот на компанијата за финансиски услуги „Grevie Payments“, неодамна се појави на социјалните мрежи и ги откри последиците од неговата одлука.

Кога воведов минимална плата од 70.000 УСД годишно во мојата компанија во 2015 година, Раш Лимбо рече:„ Се надевам дека оваа компанија ќе стане предмет на студии на МБА програмите за тоа што во социјализмот ова не работи па затоа ќе пропадне. Фирмата тројно се зголеми, а денес сме предмет на студии на Харвард, напиша Прајс.

Откако воведовме минимална плата од 70.000 УСД годишно во 2015 година, нашиот бизнис е зголемен за три пати, а бројот на вработени кои поседуваат свој дом се зголеми за десет пати. Седумдесет проценти од вработените ги исплатија своите долгови. Бројот на деца на вработените се зголеми за десет пати. Дури 76 проценти од вработените се поангажирани, двојно повеќе од националниот просек, напиша тој.

Неколку дена подоцна тој повторно се појави: “Многу луѓе тврдат дека ова е доказ дека капитализмот и слободниот пазар се ефикасни. Не се согласувам. Луѓето ме посочуваат како новина. Се издвојувам со причина, никој не ме следеше во ова. Ставањето на интересите на директорите на прво место е рецепт за експлоатација на вработените“.

Откако ја воведов таа плата, секој ден добивам лути пораки од луѓе кои тврдат дека работниците не ја заслужуваат таа плата. Жалосно е што сме воспитани за да ги понижуваме другите, наместо да го доведуваме во прашање системот што нè понижува, напиша тој.

Во февруари, тој изјави за „BBC Money“: Луѓето гладуваат, се отпуштаат или ги експлоатираат, така што некој може да има пентхаус на врвот на зградата во Њујорк со златни столчиња. Ние ја величаме алчноста цело време како општество, во нашата култура. И знаете, списокот на Форбс е најлошиот пример: Бил Гејтс го надмина Џеф Безос како најбогат човек. Кому му е гајле!?