Што кажува за вас должината на вашата коса

226

Вистината е дека фризурата многу влијае на нашиот изглед, па затоа секоја дама се труди да ја пронајде фризурата којашто најубаво ѝ стои.

Кратка или долга, каква фризура и да имате, таа може да открие многу за вашиот карактер.

Пронајдете ја вашата фризура и прочитајте за карактеристиките кои таа ги открива!

Машка фризура

Вие сте самоуверена, дружељубива, пријатна и кокетна личност. Не ви е проблем да запознавате нови луѓе и веднаш да се спријателувате со нив. Вам најмногу ви одговараат професии преку кои можете да ја истакнете вашата интелигеција и знаете многу добро да се самоконтролирате, иако понекогаш реагирате без добро да размислите однапред.

Боб фризура или коса над раменици

Вие сте личност која секогаш ја кажува вистината, дури и кога е болна за другите. Одлично ги балансирате приватниот живот и кариерата и секогаш сте организирани и не се плашите од обврските. Вие не можете да поднесете рутина и постојано сакате да пробувате нови работи. Понекогаш делувате без да размислите, па затоа може да ви се случи да наидете на проблем.

Коса долга до раменици

Вие уживате во женствениот, софистициран и елегантен изглед. Обожавате да зборувате и со вашата природна убавина ги привлекувате сите луѓе со кои ќе се сретнете. Сакате предизвици и сакате да работите на нови проекти. Вие сте личност којашто е експерт во започнување на нови пријателства, но и во нивното одржување.

Долга и многу долга коса

Вие сте внимателна и трпелива личност. Во љубовта барате партнер со кого ќе воспоставите длабока и долготрајна врска и секогаш вложувате многу. Но, вие исто така многу пребирате кога станува збор за љубовен партнер. Секогаш се трудите да ги остварите своите соништа и ако е потребно го правите и невозможното. Вашата упорност ви помога да постигнете сè што ќе посакате.