ПОРАКА ОД ЗЕМЈАТА КОЈА, ПОКРАЈ ЈАПОНИЈА, ЈА ИМА ПОГОДЕНО НАЈГОЛЕМ БРОЈ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО СВЕТОТ

241

„Стравот е нормален, а бегството не е секогаш најдобро решение“!

Поминаа три дена од силниот земјотрес во Загреб, но многу жители на хрватската метропола сè уште живеат во страв и неизвесност – не можат да спијат, треперат на секој звук и постојано чекаат нови земјотреси. Иако овие реакции се прилично природни и скоро е невозможно да се избегнат, можеме барем да се обидеме да ги ублажиме.

А со нејзиниот Фејсбук пост, токму тоа го стори Ivana Jelinčić Atkinson, Хрватица која живее во далечното Чиле, предавач на шпанскиот и англискиот јазик и овластен учител по јога и медитација. Нејзиниот статус, кој се шири на социјалните мрежи, ви го даваме во продолжение на текстот:

– Верувам дека повеќето од вас не спиеле заради неизвесност за следниот потенцијален земјотрес. Сочувствувам со сите вас и вашите семејства, но што е најважно, сите да сте добро. А материјалното на крајот ќе се санира.

Јас не сум пророк или сеизмолог, но живеам во земјата со најмногу земјотреси во светот, заедно со Јапонија, и би сакала да споделам со вас искуство кое ми помогна да се справам со чилеанското трусно тло. Патем, во Чиле е забележан и најсилниот земјотрес на светот во 1960. година со интензитет од 9,5 во Валдивија… Иако ги избегнав големите земјотреси од 2010. и 2015. година, тука се справуваме со нив скоро секој ден. Најмногу паметам еден од 7,0 (2017), а другиот од 6,5 (2019).

Чилеанците инаку сè што е под 7,0 ‘temblor’ (тресење), а ‘terremoto’ (земјотрес) би било, да речеме, од 7,0 натаму. Она што научив за ова време, а може да ви помогне да се справите со оваа новонастаната ситуација:

1. Земјотресите не можат да се предвидат – колку и да убедливо звучат различните квази-пророци или псевдонаучници кои сакаат да шират паника, земјотрес сè уште никој не упеал да предвиди со прецизност. Еден наш пријател овде создаде уред кој сè уште е во фаза на тестирање и открива земјотрес само 2 минути пред (истиот би служел најмногу во индустријата).

2. Реплики по голем земјотрес – нормално е по еден поголем земјотрес да се ослободи енергија уште некое време, но овие реплики се генерално (до денес) со помал интензитет.

3. Длабочина на земјотресот – колку е на помала длабочина, поголема штета ќе предизвика и колку е подлабок, посилно и подолго ќе се ниша, но штетата ќе биде помала (земјотресите тука понекогаш траат и до пет минути).

4. Стравот е нормален, но не и неопходен – никогаш нема да го заборавам мојот прв поголем земјотрес од 2017. година во Сантијаго. Во тоа време бев сама во станбен облакодер на 17-ти кат, а како што зградата се нишаше неколку минути, телото не знаеше да бега, или да се бори или „да се замрзне“, затоа панично одев низ станот во збунетост. Кога заврши, отидов долу во приземје и забележав дека портирите на рецепција беа мртви ладни. Следните две недели следуваа реплики што ме натераа да спијам во алишта со ранец и патики во кревет, а мојот сопруг John, Чилеанец, ме гледаше во чудо. Тогаш дознав дека Чилеанците биле „дизајнирани“ да не детектираат земјотрес под 6,5. Не се движат, не трепкаат, гледаат телевизија, јадат, спијат, додека ние странците не знаеме дали би скокале од 17-ти кат, дали би трчале по скалите, хистеризирале, колнеле, плачеле и сл. Од 2017. година, поработев доста на стравот, а најмногу од сè ми помогнаа мештаните кои генерално мирно ја прифаќаат ова (овде) честа природна појава. Сепак, човекот е роб на навиката.

5. Бегањето не е секогаш најдоброто решение – секогаш нѝ кажуваат да се држиме до станот и само да ја отвориме влезната врата за да случајно не останеме заробени / заклучени од земјотресот. Се разбира, би било идеално да излезете на ливада каде што нема што да падне, но тоа честопати не е изводливо. Понекогаш е најопасно за време на земјотрес да се бега од зграда, а да не кажам ако живеете на повисок кат, земјотресот ќе помине додека успеете да излезете.

Еве, бидете ми добро, дишете, вежбајте (дома), од ден на ден, и тоа ќе помине – напиша Ивана.

Dragi moji frendovi & familija u Zagrebu,Vjerujem da nocas vecina vas nije spavala zbog neizvjesnosti oko iduceg…

Gepostet von Ivana Jelincic – Atkinson am Montag, 23. März 2020