Таинствени бродови испливале среде пустина | Видео

426

Во обид да дознаат сѐ повеќе историски факти за Казахстан, научниците почнале да ја истражуваат областа, и почнале прво од снимките од периодот на Студената војна.

На фотографиите снимени од сателитот Quickbird, на височина од 450 милји над Земјата, снимени се четири големи брода среде пустина. Научниците не можеле да објаснат како бродовите се насукале во песокот и останале таму.

“Тешко е да се сврти глава и да се игнорира она што се случува на фотографијата. Во големата пустина нема вода, но сепак среде неа има флота од рѓосани бродови. На пустината е најблиску Аралското езеро, но со милји е далеку од насуканите бродови”, рече канадскиот научник Џорџ Курунис. Исто така, научниците истакнуваат дека тука не станува збор за мали бродови, туку за енормно големи.

Научниците објаснуваат дека големите бродови се дизајнирани така да можат да пловат во длабоките води и поради тоа не е јасно како и зошто тие се со милји далеку од било кој извор на вода.

И кога бродовите во пустината на Казахстан станале најголема мистерија за научниците, сателитските снимки на областа од времето на Студената војна им дале одговори. Имено, Арктичкото Езеро од дамнина се протегало и до ова подрачје, поради што бродовите биле покриени со вода.