Политика и криминал | Кои се вистинските разбојници?

980

За време на грабеж на банка во Цирих, во срцето на Швајцарија, разбојникот им викнал на сите присутни:

“Сите долу на под и тишина. Парите ѝ припаѓаат на државата, но вашиот животот ви припаѓа исклучиво вам”.

Сите во банката легнале на подот во најголема тишина. Ова се нарекува “концепт промена на размислување”, и го менува конвенционалниот начин на размислување кај луѓето.

Кога една од дамите провокативно легнала на подот, разбојникот ѝ се развикал:

“Те молам биди цивилизирана. Ова е грабеж, а не силување”.

Ова се вика “да бидеш професионалец”Фокусот е само на она што сте обучени да го правите.

Кога разбојниците се вратиле дома, младиот разбојник (магистер по економија) му рекол на постариот разбојник (кој имал завршено само 6то одделение основно):

“Голем брату, ајде да изброиме колку кеш имаме?”

Постариот разбојник категорично мрзеливо одбил, велејќи:

“Ти си многу глупав. Имаме толку многу пари што ќе ни требаат 3 дена да преброиме. Вечерва кога ќе го вклучиме телевизорот, вестите ќе ни кажат колку сме зеле од банката”.

Е ова се вика “искуство”. Во денешно време, искуството е поважно од дипломата и стекнатата титула.

Додека разбојниците биле во бегство, директорот на банката му рекол на супервизорот веднаш да повика полиција. Но, тој дал предлог:

“Чекај, ајде прво да земеме 10 милиони долари од банката за нас и да ги додадеме на оние 70 милиони долари што претходно ги проневеривме!”

Ова се вика “пливање со плима”. Тоа е претворање на неповолна ситуација во своја корист. Супервизорот опиен од парите додава:

“Би било добро секој месец да не ограбуваат вака“.

Е ова се нарекува “убивање на досада”. Личната среќа е поважна од работата која ја работите.

Следниот ден, објавиле по сите медиуми дека биле украдени 100 милиони долари од банката. Разбојниците броеле ли броеле, и броеле, но не можеле да избројат повеќе од 20 милиони. Многу биле лути и разочарани:

“Да ризикувш живот за само 20 милиони, никаде го нема ова”.

Директорот на банката лесно земал 80 милиони долари со врвовите на своите прсти.

“Се чини дека подобро ќе беше да сме учени отколку што станевме разбојници”.

Ова се нарекува “знаењто е вредно колку и самото злато”.

Менаџерот на банката e насмеан и среќен затоа што сега ги покри своите загуби на пазарот со овој грабеж. А ова се нарекува  “искористување на можноста”.

Е сега, вие сте на потег почитувани пријатели и одговорете духовито: Кои се вистинските разбојници во оваа приказна.?.