Природни лекови против алергии

1472

Антивоспалителните својства на камилицата помагаат за смирување на сувите очи кои често знаат и да чешаат и да предизвикуваат иритации.

Земете две оладени вреќички од чај од камилица и држете ги на очите 3-5 минути. Повторувајте ја оваа постапка неколку пати дневно.

Коприва

Копривата делува како антихистамин кој помага да се смират симптомите на алергија како што се кивање и чешање на очите. Кога ќе ги забележите овие симптоми, купете таблети од коприва или пијте чај.

Нане

Нането е одличен лек за дишните патишта. Вашето дишење може да се подобри доколку се инхалирате со чај од свежо или сушено нане.

Ѓумбир

Ѓумбирот ја ублажува иритацијата на воспаленото грло, а е многу моќен во комбинација со мед. Направете чај од свеж ѓумбир, така што во врела вода ќе ставите 5 грама свеж изрендан ѓумбир и ќе го доварите чајот уште 10 минути. Потоа процедете го и ставете една лажичка мед. За ублажување на симптомите од алергијата можете да користите и ѓумбир во прав.

Лута пиперка

Лутата пиперка е богат извор на биофлавоноиди кои го спречуваат ослободувањето на хистаминот, кверцетинот и други хемикалии кои предизвикуваат воспаление и алергиски симптоми.