Од заостанување во развојот на говорот, графомоторните вештини и социјалните вештини до проблемите во зрелоста, секаков вид физичко казнување долгорочно им штети на децата.
Тепањето деца, дури и кога е „само малку по газето“, дури и кога тоа е оправдано како воспитна метода, па дури и кога родителот е убеден дека не е лут туку смирен затоа што детето ја надминало секоја мерка, е штетно за детето, се согласуваат експертите. И не, пароли како „и мене ме тепаа, па што ми фали“ не се аргументи.
Не само што ќе пораснат во луѓе со послаб темперамент и повеќе склони кон анксиозност, туку можат да заостанат во најраното детство во клучните развојни чекори.
Тепањето деца, дури и кога е „само малку по газето“, дури и кога е оправдано како воспитна метода, па дури и кога родителот е убеден дека не е лут, туку смирен затоа што детето ја надминало секоја мерка е штетно за дете, се согласуваат експертите.
Клучните развојни чекори доцнат
Една нова студија, предводена од Donald и Barbar Zucker од Медицинскиот факултет Hofstra/Northwell, откри уште една негативна врска помеѓу физичкото казнување во детството и подоцнежниот развој. Поточно, колку што повеќе детето било физички казнувано, толку е поголема веројатноста дека ќе заостане во развојот.
Доцнењето во развојот се јавува кога децата не достигнуваат одредени развојни чекори во адолесценцијата, како што се одење, зборување, пишување, критичко размислување, расудување, социјален развој и емоционално изразување.
Иако тие варираат, развојниот чекор го претставува она што повеќето деца можат да го направат до таа возраст. На пример, до 12-тиот месец бебето треба да може да седи без помош, да оди држејќи се за мебелот и да одговорина на „не“.
Говорот најмногу доцни
Овој труд сугерира дека физичкото казнување се чини дека ги одложува клучните развојни чекори. Студијата се фокусира на 74 пара старатели и придружени деца, кои сите ја посетуваа клиника за следење на растот во La Romani, град во Доминиканската Република. Потоа проценети се со користење на релативно нова Malawi Development Assessment Tool, или MDAT сеопфатна алатка, дизајнирана да го процени развојот на децата во земјите во развој.
Тимот откри дека најмалку две третини од децата – на возраст од пет или помали – имале барем едно доцнење во една развојна област, без разлика дали се работи за социјални, когнитивни, моторни вештини и така натаму. На прашањето за формите на казнување и дисциплина, околу 44 отсто од испитаниците одговориле дека користеле тепање; 43,2 отсто рекле дека се дереле на децата.
Тимот откри дека и двете се поврзани со заостанување во развојот.
„Во нашата студија, доцнењето на јазикот и социокогнитивните одложувања се почести кај децата кои биле казнети за недолично однесување со тепање или навреда“, забележуваат авторите во нивната студија.
Врската помеѓу јазикот и тепањето се чинело дека е особено силна; децата казнети со тепање имале пет пати поголема веројатност да доживеат некаков вид јазично доцнење.
Толку многу докази, но практиката не запира
“Овие наоди се додаваат на зголемените докази дека грубото родителство, вклучително и тепањето, е потенцијално штетно“, изјави за IFLScience професорот Jeff Temple, директор за истражување на здравјето и однесувањето на Универзитетот Texas Medical Branch, кој не бил вклучен во студијата.
Тој посочува дека, според природата на работите, методологијата на ваквото истражување тешко може да ја „одвои кокошката од јајцето“, односно можеби постои и „трета варијабила“ која „придонела за почесто физичко казнување и доцнење во развојот“.
“Како и да е, наодите од студијата сè уште се „конзистентни со сè што е познато бидејќи физичкото казнување е поврзано со негативни исходи – и згора на тоа, знаеме дека тоа не функционира“, заклучува тој.
Ова е всушност само една студија меѓу мноштвото слични трудови кои даваат докази дека физичкото казнување е исклучително штетно. Пред неколку години, сеопфатен преглед на четиридецениско истражување на оваа тема откри дека тепањето го забавува когнитивниот развој, доведува до асоцијално однесување и многу повеќе. Една студија од 2009 година дури го поврза строгото физичко казнување кај младите со намалени нивоа на сива материја.



















