Луѓето со психопатски тенденции кои имаат и висок коефициент на интелигенција можат да ја сокријат својата вистинска личност и да стигнат до позиција на моќ без да бидат откриени.
Психопатите го користат својот висок коефициент на интелигенција за да управуваат со луѓето. Ваквите опасни луѓе можат лажно да се пробијат до моќни раководни позиции.
Истражувањата покажаа дека околу 1 процент од општата популација се психопати, додека нивото се зголемува на 3 проценти кај деловните менаџери.
Заклучоците доаѓаат од студијата објавена во Journal of Forensic Psychiatry and Psychology, која е инспирирана од невообичаено високото ниво на психопати меѓу деловните менаџери.
Авторката на студијата за психопати
Првиот автор на студијата, Carolyn Bate, изјави:
„Мислев дека интелигенцијата би можела да биде објаснување за ова, а може да биде проблем ако има зголемен број на психопати на високо ниво во бизнисот. Бројката би можела да биде повеќе од три проценти, бидејќи ако луѓето се свесни дека се психопати, можат да лажат, тие се прилично манипулативни и немаат емпатија“.
Психопатите во бизнисот се сосема различни од страшната слика што ја прикажуваат медиумите, објасни Bate:
„Оние кои се на врвот на бизнисот често се шармантни и интелигентни, но со емоционални дефицити, за разлика од психопатите кои се прилично неправилни и склони кон извршување грозоморни злосторства па често се фатени и завршуваат по затвори“.
Тестирање психопати
За да ги тестираат овие идеи, истражувачите на група луѓе им дале стандарден тест за психопатија.
Исто така, им биле прикажани серија слики кои го тестирале нивното ниво на емпатија, а во исто време го мереле нивниот одговор на кожата за да ја проценат нивната емоционална реакција на сликите.
Психопатите со просечна или висока интелигенција можеле да ја регулираат реакцијата на кожата, така што нивните тестови изгледале нормално. Меѓутоа, оние психопати со ниска интелигенција во студијата покажале абнормални реакции типични за психопатите.
Можеби со оваа и други техники, психопатите со висока интелигенција можат да се претопат со други луѓе преправајќи се дека ги имаат истите одговори како тие, пренесува Spring.



















