Луѓето стапуваат во брак пред се поради силната љубов што ја чувствуваат еден за друг.
Секако, потребни се добар број фактори кои ќе ја поддржат таквата одлука, но никој не сака да ги помине годините од заедничкиот живот несреќен и неисполнет.
За жал, сите знаеме дека се случуваат такви ситуации.
Себичното однесување, недостатокот на почит кон партнерите, различните форми на зависност и недостатокот на одговорност, полека но сигурно го земаат својот данок, а статистиката за разводи не дава убава слика.
Дали сепак таа слика може да се поправи и разубави? Значи, што го прави бракот успешен? Дали е воопшто можно да се има?
Имајте на ум, не се работи за совршен, туку за успешен, долготраен брак.
Верувале или не, можно е – успешен брак не значи брак без предизвици, туку брак составен од страни кои се подеднакво подготвени да работат на тоа. Неопходно е да сте вистински посветени еден на друг и да развиете позитивни навики уште рано во бракот за да успеете.
Изразување благодарност
Тешко дека можеме доволно да нагласиме колку е важно секојдневно да ја изразувате својата благодарност кон вашиот сопружник. Секако, ова не треба да го правите на принуден начин, туку спонтано и искрено. Изразете ја својата благодарност на едноставен начин за секојдневните работи што ги прави вашиот сопружник. Неверојатно е што некој што ве сака е подготвен да направи за вас ако се чувствува доволно ценет.
Заштита на бракот
Многумина од нас забораваат дека постоело време пред социјалните мрежи. Иако не можете да ги избегнете промените што се случуваат, можете да изберете да се држите настрана од се што може да го загрози вашиот брак. Изгледа наивно, гледање профили на луѓе од спротивниот пол, коментирање и оставање на познатите „лајкови“, но навистина не е така. Важно е да поставите јасни граници кои го штитат вашиот брак од непожелни форми на однесување и нивните последици, бидејќи физичкото изневерување не е единственото нешто што го уништува бракот.
Отсуство на тајни
Не можете да очекувате да имате успешен брак со некого ако имате тајни кои таа личност не ги знае. Никој не е совршен, но искреноста е клучна за спасување на бракот. Што и да правите, иако изгледа дека можете да живеете со таа тајна, таа на крајот може да ве изеде одвнатре. Исповедта е болна, но ако чувате нешто важно од вашиот сопружник, ќе биде многу поболно и за вас и за него кога тој ќе дознае еден ден.
Бракот како приоритет
Покрај многу други работи, кои секојдневно не опкружуваат, навистина е тешко да се рангираат работите според нивната важност. Повторно, не треба да дозволите работата, хобито, грижата за куќата, па дури и децата да го турнат вашиот брак во втор план. Тој треба да ви биде приоритет. Можеби изгледа излишно да се истакне, но многу парови го прават токму спротивното, земајќи ја својата сакан/а здраво за готово, а ништо не се подразбира само затоа што сте го парафирале Изводот за венчавка.
Би се рекло дека ја изоставивме фамозната почит, но таа се провлекува низ сето погоре споменато и веќе е разбрано.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.