Руса и негувана коса, да – можно е!

1606

Вообичаено е верувањето дека белеењето во голема мера ја оштетува косата, а колку е посветла нијансата, толку е поголем стресот врз косата. Но, тоа не мора да биде случај ако паметно ја изберете бојата на косата.

Ако летото ве инспирираше да ја смените бојата на косата во златни нијанси на сонцето или бисерни тонови на песок, оваа година Garnier Olia носи седум прекрасни руси нијанси, од екстремно светли и златни до поладни тонови.

Без оглед на тоа која нијанса ќе ја одберете, со бојата на Garnier Olia не мора да се грижите дека косата ќе изгледа оштетена и сува по боењето. Имено, формулата Garnier Olia не содржи амонијак и е збогатена со дури 60 проценти масло!

Исто така, содржи сончоглед, пасифлора, камелија и рицинусово масло, така што боите на Olia видливо го подобруваат квалитетот на косата со секое обојување, правејќи ја мазна и двојно посјајна, па косата се храни, заштитува од сувост и се ревитализира.

Garnier Olia до 100 проценти ја покрива сивата коса обезбедувајќи интензивна, рамномерна и долготрајна боја, полна со прекрасен сјај.

Аплицирањето е лесно и истовремено удобно за сетилата. Кремот за боење не капе и лесно се нанесува. Благодарение на отсуството на амонијак има нежен цветен мирис.

Само измешајте го хидрогенот и кремот за боење во сад и веќе имате мешавина од цветни мириси! Откако ќе ја измиете косата со шампон, користете регенератор за сјаен и свилен изглед на косата за да ја одржите вашата коса мека и сјајна.