5 погрешни “морам” убедувања кои ни го отежнуваат родителството

360

Ние како родители се однесуваме на одреден начин поради моделот кој сме го усвоиле од нашите родители.

Се однесуваме така и покрај информациите или советите кои ги добиваме од книгите, на интернет, од другите луѓе или експертите.

Сепак, постојат голем број на ситуации во кои се однесуваме сосема спротивно од нашите родители или оние совети кои сме ги слушнале на друго место. Или, пак, ако на пример имаме брат или сестра, многу е веројатно дека ќе применуваме сосема различни образовни стилови од нив, а пораснавме со исти родители.

Зошто е тоа така?

Причината е едноставна:

Сите информации за родителството кои ги добиваме селективно ги избираме во однос на сопствените убедувања кои веќе ги имаме, или кои подоцна ги формираме врз основа на тие податоци кои сме ги добиле.

А убедувањата се разликуваат од личност до личност. Тое се тие кои влијаат на нашето однесување и емоции. Понекогаш се конкретно дефинирани во речениците кои ги изговараме, додека често се наоѓаат и во нашата потсвест, па до нив можеме да дојдеме, само врз основа на една подлабока анализа.

Кога станува збор за воспитувањето на децата, постојат многу дисфункционални уверувања кои знаат да нѐ поколебаат во нашиот раст како родител. Тука ќе издвојам пет клучни такви уверувања и ќе ја понудам нивната здрава, функционална алтернатива. Сите пет ги дефинирав со едно МОРАМ, кое е едно од клучните зборови кои ги “красат” нашите погрешни уверувања. Понекогаш тоа “мора” е скриено зад “треба, не смеам, никако, никогаш, страшно/ужасно”, и понекогаш не е веднаш очигледно, но ако го прочитате овој текст до крај, сигурна сум дека ќе се пронајдете барем во еден од нив. И тоа е во ред. Очекувано е. Јас и самата понекогаш мака мачам со некои од овие уверувања.

1. МОРАМ секогаш да знам што да правам

Продолжува на страна 2