
Од првиот ден, ние сме одговорни за растот и развојот на нашето дете. Ние сме тие кои го учат за животот и го водат низ него. Меѓутоа, само колку ненадејни настани има, дури и на дневна основа, кои ќе нѐ затечат неподготвени и во кои ќе се запрашаме: Што сега? или Да не требаше вака да реагирам?
Како тоа да се надмине?
Со повторување на речениците:
- Не МОРАМ секогаш да знам што да правам кога моето дете има проблем.
- Добро е понекогаш да немам одговори на сите прашања и проблеми на моите деца.
2. МОРАМ секогаш да бидам во право
Ова често се случува кај родители кои се перфекционисти. И кај оние кои ќе ги слушнете да кажат: Тоа е така затоа што јас така велам! А јас сум родител, па тоа автоматски значи дека сум во право. (Хм, но не сосема!) Ова уверување често продолжува со тоа што ако направиме грешка, сметаме дека не сме толку добри како родители. Значи, себе како родител лесно се дискредитираме ако некаде направиме грешка.
А во животот полн со изненадувања, колку е реално да се очекува дека никогаш нема да направиме грешка?
Како тоа да се надмине?
Со повторување на речениците:
- Имам право на грешка.
- Јас не сум лош родител ако некогаш направам грешка.


















