
Ние родителите често мислиме дека секогаш мора да имаме насмевка на лицето за да го направиме светот поубав за живеење на нашето дете. А тоа е сосема погрешно. Светот во кој расте е полн со сите видови на предизвици, и токму во тоа е шармот, бидејќи:
Жив човек е оној кој чувствува многу различни емоции.
Токму ние сме тие, од кои децата учат за различни чувства, и затоа треба да си дозволиме да бидеме лути, и тажни, и повредени.
Како тоа да го надминеме?
Со повторување на речениците:
- И јас имам право на непријатни чувства и расположенија.
- Јас не сум робот, туку жив човек полн со различни емоции.
4. МОРАМ секој момент да го посветам на децата
Тоа е она кога веруваме дека целиот претходен живот засекогаш згаснува во денот кога ќе добиеме дете. Во суштина тоа е точно во првите неколку месеци, но како што минува времето од суштинско значење е повторно да ги пробудиме и другите свои улоги (улогата на сопругата / сопругот, пријателот, сестрата, итн.), затоа што во спротивно ќе се лизнеме. И ќе бидеме несреќни, многу несреќни.
Ние сме родители пред сѐ, но не само родители, туку и нешто друго.
Како тоа да се надмине?
Со повторување на речениците:
- И јас имам право на своите “5 минути”.
- Во ред е во текот на денот понекогаш да имам и некоја друга улога на прво место.
5. МОРАМ секогаш да бидам тука на детето да му покажам тоа што му треба
Тоа е кај оние родители кои сѐ сакаат да прават наместо нивните деца. Тие сметаат дека можат подобро, полесно, или едноставно затоа што не сакаат нивните деца да се замараат и мачат. Тоа не е добро ниту за едните ниту за другите. Родителот така лесно ќе изгори, а детето ќе биде зависно и несигурно.
Како тоа да се надмине?
Со повторување на речениците:
- Јас нема да го држам детето под “стаклено ѕвоно”.
- Во ред е (и корисно) детето понекогаш да го пуштам да учи од своите грешки.


















