Еве што може да грешите при бакнување

273

Бакнувањето е чин кој не само што нè зближува, но и не тера да се чувствуваме среќни и пожелни.

Бакнежите ни помогнуваат не само да се насмевнеме, но и да согориме неколку непотребни калории.

Но, има ли нешто што би можело да ги упропасти бакнежите со саканиот? Да! Еве на што е добро да се обрне внимание.

Суви усни

Бакнувањето со суви усни може да биде проблем. Освен тоа сувите усни не изгледаат примамливо и секси. Сувите усни можат да се резултат на сувост во устата, што од своја страна ќе доведе и до појава на лош здив.

Лигавење

Хиперпродукцијата на плунка понекогаш може да биде предизвикана од одредени медицински состојби, но понекогаш бакнувачите мислат дека така ќе го направат моментот посензуале.. Не претерувајте со плунката и лигата, бидејќи тоа може да ве “удави” вас и вашиот партнер.

Гризење. Да, тоа е секси кога е нежно и се флертува. Премногу гризење може да не му се допадне на партнерот. Затоа бидете внимателни во страстите.

Дишење

Може да имате назален проблем или страстите да се разгорени, но бидете нежни со издишувањето во лицето на партнерот. Дури и здивот да е идеално свеж, неприфатливо е да се издишувате во лицето на партнерот.

Чудни звуци

Бакнежите се пријатни порани неколку причини. Кога чувствуваме задоволство од актот, но и возбуда, нормално е да го изразиме тоа и со звук. Но звукот на лигавење, претерани воздишки, можат да го убијат расположението на партнерот.

Продолжува на страна 2