Објавено February 9, 2017. Прочитано 36355
Односот со мајката се однесува на основното прашање на љубовта, припадноста и безбедноста, односно на нашите основни потреби како човечки суштества.
Ерик Фром вели дека детето во првата година од животот мајката ја доживува како сеопфатна сила, која го штити и храни. Кога мајката нѐ сака, значи дека сме живи, вкоренети и дека сме „дома“.
Голем број мајки не можеле, не знаеле или немале капацитети на своето дете да му бидат доволно добри мајки и во своите искрено најдобри намери, но поради сопствените рани од детството влегле во улога на мајки, чиј однос кон детето испраќал пораки, кои биле токсични за неговото растење и функционирање, вели Ана Пулек, психодрамски практичар.
Некои од улогите на недоволно добра мајка се:
Лута мајка
(мајка која со својата диреткна или индиректна лутина му става на детето збрана да се изразува себе си),
Мајка контролор
(не е важно какво е детето, туку тоа да биде какво што таа сака),
Мајка нарцис
(мајка, која поставува високи критериуми и кои е невозможно да се задоволат),
Мајка која занемарува
(мајка која не е доволно заинтерсирана или е не е присутна за потребите на детето, кое мора да се прилагодува на нејзиното расположение) и
Мајка која завидува
(мајка, која свесно или несвесно е лута на успехот на своето дете).
Доколку некои од базичните потребни не ни се исполнети во детството, како возрасни и натаму во себе носиме еден вид емоционална глад, при што низ различни ситуации и односи бараме потврда дека сме сакани, почитувани и вредни за живот. Проблемите се појавуваат кога тој облик на потврда ќе изостане и ќе се почувствуваме повредени. Детето во нас ја чувствува истата повреда, која ја доживеало и кога било мало, а возрасниот дел од нас не знае како да му помогне.
Продолжува на страна 2