Нашето чувство на отфрленост, тага, загубеност во тој момент е потсетник на раната, која спие во нас.

Таткото на психодрамата Џејкоб Леви Морено токму преку набљудувањето на детската игра дошол до идеја дека и како возрасни можеме повторно да бидеме деца, да влегуваме во улоги на себе и другите, на сето она неизразено во нас.
Психодрамата, како метод ни дава можност да ги оживееме сцените од минатото и да го разбудиме тоа мало дете, да видиме и слушнеме што тоа има да ни каже и преку својата работата со овој метод да му „станеме доволно добар родител“. Токму преку тој процес ги освестуваме своите сили и потенцијали и му даваме на нашето внатрешно дете дозвола слободно да се изрази, формирајќи со него една цврста врска, полна со поддршка и разбирање.
Со растењето во емоционална смисла, повторно ја „сечеме папочната врвка“, која низ детството не спојувала со мајката и ни била канал низ кој сме се доживувале себе си, односите и светот околу нас.
По обработката на случувањата и доживувањата, кои ни оставиле трага, давајќи ни чувство дека не сме доволно забележани, сакани и вредни за поддршка, откриваме во нас дека и натаму постои витален жив дел полн со потенцијал, подготвен на соработка и учење.
На крајот на краиштата, заклучува Пулек, не станува збор само за нашата мајка, туку почнува да функционира и нашиот однос со животот како таков, кој по детстото и ратсењето продолжува низ серија други фази и пред нас става безброј нови предизвици. Доколку од нив со работа на себе создадеме нови можности, стануваме сведоци на промени, кои носат еден многу убав и вреден живот, за себе и за другите.


















