Дали кафето е првото нешто што го пиете кога ќе се разбудите?
Ако ви треба шолја кафе за да го започнете денот, не сте единствените, во мнозинство сте. Според истражувањето на Националната асоцијација за кафе од 2020 година, 62% од Американците пијат некаква форма на кафе секој ден.
Многумина велат дека појадокот е најважниот оброк во денот, а неговото заменување со кафе не може да биде добро за целокупното здравје.
Според Московиц, „прескокнувањето на овој клучен оброк може да доведе до помалку хранлива диета“, особено онаа која е во спротивност со здравото стареење. А според различни студии, прескокнувањето на појадокот и само пиењето кафе може да доведе до некои сериозни здравствени компликации.
Дали знаете што се случува во вашето тело кога внесувате кафе?
Во првите десет минути, кофеинот од кафето влегува во крвотокот и се шири низ телото, предизвикувајќи зголемување на крвниот притисок и отчукувањата на срцето.
Во исто време, спречува допаминот да се реапсорбира во крвотокот, што му овозможува да остане во мозокот подолго време, што прави да се чувствуваме позитивно и посреќни подолго време. Токму ова задржување на допамин често го поттикнува мозокот да посака повеќе кофеин.
А што се случува подоцна?
До 20та минута
Кофеинот се врзува за рецепторите на аденозин и на тој начин го неутрализира заморот. Нивото на допамин се зголемува и опстојува, создавајќи чувство на будност и концентрација.
По 30та минута
Надбубрежните жлезди работат поинтензивно и почнуваат да лачат повеќе хормони. Во тоа време, поради проширување на зениците, видот станува поостар.
Во рок од 40 минути
Телото почнува да произведува повеќе серотонин, што го подобрува функционирањето на невроните во ‘рбетниот мозок – ова води до подобрување на координацијата и мускулната сила.
По 4 часа
Метаболизмот се забрзува, така што побрзо согорувате енергија. Во овој период, вашето тело почнува да ги разградува складираните масти.
Во рок од 6 часа
По шест часа, кафето поминало низ вашиот систем и веројатно ќе почувствувате зголемена потреба за мокрење.
Тогаш ќе исфрлите приближно половина од количината на кофеин што сте ја внеле од вашиот организам.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















