Лошиот здив
Конзумирање на несоодветна храна, пијалоци, стомачни и стоматолошки проблеми често ја предизвикуваат појавата на лош здив. Ако не мирисате свежо, немате шанси да бидете бакнати.
Ритам
Бавниот и сензуален ритам секогаш се смета за добар. Од друга страна брзото темпо и страсниот бакнеж може да е добро прифатен само ако вие и партнерот не се чувствувате така како да сте во трка. Фатете го ритамот, почувствувајте го партнерот, инаку ризикувате да заглавите во графата лоши бакнувачи.
Јазикот
Движењата на јазикот се од суштинско значење за добар бакнеж. Кога сте неодамна со партнерот и не сте го проучиле она што му се допаѓа во бакнувањето, следете движењата на јазикот на другиот. Но ако заборавите да ги следите другиот, постои опасност движењата на јазикот да бидат како да се обидувате да ги исчистите забите на партнерот.
Удирање на забите
Сосема нормално е понекогаш во моменти на страст да ги удрите усните и забите. Но, ако тоа се случува често, не само што нема да ги направи бакнежите пријатни, но крие ризик и да се повредите. Затоа не се обидувајте да ја бутнете целата уста во онаа на партнерот.



















