Реанимација на изумрени видови | Можеме, но, дали треба?

3647

Баиџи, кинескиот речен делфин (Lipotes vexillifer)

“Враќањето на видовите назад во дивината откако исчезнале од дивината е полн со тешкотии”, вели биологот за заштита на природата Стјуарт Пим од Универзитетот Дјук. На пример, направени се големи напори да се врати арапскиот орикс во дивината. Но, кога тие животни биле вратени во резерватот во централен Оман во 1982 година, скоро сите биле убиени од ловокрадци. “Имавме животни и ги вративме во природата, но која е поентата кога околината не е подготвена”, вели Пим. “Тоа што имате животни решава само мал дел од проблемот”.

Ловот не е единствената опасност со која мора да се соочи еден вид вратен во дивината. За многумина од нив, нивниот поранешен дом повеќе не постои. Кинескиот речен делфин изумрел поради загадувањето и другите притисоци предизвикани од човечката популација врз реката Јангце. Таа состојба денес не е подобра. Низ целиот свет, жабите се десеткувани од патогенот што го шириле луѓето, наречен габа хибрид. Ако австралиските биолози еден ден ги остават стомачните жаби да се вратат во нивните планински реки, тие можат многу брзо да изумрат повторно.

“Без соодветно живеалиште за враќање на новосоздадените видови, сите напори се залудни и тоа е само непростливо трошење пари”, вели Глен Албрехт, директор на Институтот за социјална одржливост на Универзитетот Мардок во Австралија.

Дури и ако се покаже дека оживувањето од некаков вид е целосен логистички успех, сепак ќе останат бројни дилеми. Можеби гулабот преселник ќе го најде својот дом во обновените шуми на истокот на САД. Но, дали тоа практично не би значело воведување на еден генетски конструиран вид во екосистемот? Можеби гулабите преселници би станале извор на вирус што би убивал други видови птици. И, како би реагирале жителите на Чикаго, Њујорк и Вашингтон на новиот вид гулаби чие стадо ќе го затемни небото и ќе ги закопа градските улици со веавица на измет од птици?

Поборниците за реанимација ги разгледуваат сите овие проблеми и повеќето веруваат дека треба да се решат пред да се започне со голем проект. Хенк Грили, водечки биоетичар на Универзитетот Стенфорд, беше многу заинтересиран за етичките и правните последици од заживување на изумрените видови. И покрај сè, Грили, како и многу други, верува дека, поради фактот што науката напредувала толку многу што може да постигне нешто такво, заживувањето на изумрените видови треба да се поддржи, а не да се осудува.

“Бев заинтригиран затоа што звучи толку возбудливо”, вели Грили. “Замислете да оживеете сабјастиот тигар. Би било прекрасно да видите такво нешто”.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.