ЛЕКАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ | Овие симптоми можеби се само лажна тревога, но можат да бидат и смртоносни

640

Не постои човек кој барем еднаш не почувствувал некој застрашувачки симптом, некоја болест за која веднаш отишол да се провери на Интернет за да си постави дијагноза, па дури подоцна се обратил за помош кај вистински експерт, односно лекар.

Во кои случаи повеќето од нас се плашат кога ќе почувствуваат нешто необично, кои се тоа симптомите кои нè предупредуваат да размислуваме најлошо?

Експертите издвоија четири знаци кои навистина изгледаат како да сте во смртна опасност, но многу често излегуваат дека се лажни аларми.

1. Недостаток на здив

Нема сомнеж дека кога не можете да здивнете или целосно да земете здив, тоа е навистина страшно чувство.

„Недостатокот на здив е еден од симптомите кои предизвикуваат најмногу паника. Повеќето луѓе веруваат дека овој проблем е поврзан со срцето“, вели кардиологот Mahmud Kara.

Сепак, не толку ретко излегува дека сè е во ред со срцето.

„Најчести причини за краток здив се пост-назално капнување, рефлукс на киселина или напади на паника“, објаснува Kara и додава дека овој симптом дефинитивно не треба да се игнорира, туку треба да се консултира лекар за правилна дијагноза.

2. Болка во градите

„Слично на отежнато дишење, болката во градите може да биде алармантна бидејќи повеќето луѓе имаат тенденција да мислат на срцев удар“, вели Kara.

„Меѓутоа, исто како и отежнато дишење, најчестите причини за болка во градите се мускулно-скелетна болка (ѕид на граден кош), напади на паника или рефлукс на киселина, но ако има екстремно силна болка во градите, јавете се на доктор“, советуваат експертите од клиниката Мајо.

3. Палпитации на срцето (чукање на срцето)

Срцето кое силно чука или прескокнување на срцето исто така може да биде предупредувачки знак, но како и кај болката во градите, палпитациите (силни и забрзани отчукувања на срцето) не се секогаш показател за проблеми со срцето.

„Многу луѓе палпитациите на срцето ги поврзуваат со срцев удар, па брзаат во собата за итни случаи само за да дознаат дека се работи за напад на паника и анксиозност“, вели психијатарот Bruce Bassy.

“Палпитациите можат да бидат предизвикани од голем број состојби, кои не се особено загрижувачки за лекарите за итна помош, како што е предвремената атријална контракција. Секако, доколку симптомите се нови, доколку претставуваат некаква промена во однос на претходната состојба и се поврзани со други симптоми, неопходно е да се побара помош од лекар во итна установа. Таму ќе направат ЕКГ и ќе ви ги проверат ензимите на срцето“, објасни кардиологот.

4. Вкочанетост или пецкање во рацете и нозете

„Вкочанетоста или слабоста на едната страна од телото често може да биде показател за мозочен удар, што доведува до тоа луѓето да помешаат вкочанетост или трнење во екстремитетите (на пр. прсти или стапала) за симптоми на срцев удар“, вели докторот. Сепак, кај повеќето безопасни медицински состојби, оваа вкочанетост или пецкање може да биде поврзана со периферни невролошки поплаки, како што е приклештен нерв“.

Во сите овие случаи, важно е да се јавите кај вашиот лекар или да се упатите кон брза помош!