Оваа држава забрани чување миленици и шетање кучиња | Казните ќе бидат високи, сопствениците може да останат без автомобил!

1604

Полицијата неколку пати се обиде да воведе забрана, но таа не заживеа.

Иран наскоро ќе го казни чувањето миленичиња и шетање кучиња, објавија локалните медиуми.

Тврдокорните во парламентот подготвиле нов закон со кој шетањето на кучиња ќе се санкционира со високи казни, а ќе се конфискуваат и автомобилите на три месеци во кои ќе се возат миленичињата.

Чувањето домашни миленици се смета за нечисто

Покрај тоа, станоиздавачите нема да можат да изнајмуваат куќа или стан на оние со домашни миленици.

Според исламот, чувањето миленичиња во куќа се смета за „нечисто“, но иранските свештеници отишле чекор понатаму, верувајќи, на пример, дека шетањето кучиња предизвикува паника кај населението.

Полицијата неколку пати се обидела да воведе забраната, но во тоа не успеале, па сега за прв пат се воведува со закон.

Но, познавачите на ситуацијата во Иран очекуваат сопствениците на домашни миленици да го игнорираат законот, исто како и претходните забрани.