ВЕЛАТ ОВА Е ДОБРА ВЕСТ | Новото истражување објавено за варијантата делта плус | Полесно се пренесува, но помалку е симптоматска

1368

Imperial College веќе објави делумни резултати од истражувањето, кои покажуваат дека оваа верзија на вирусот била на врвот на ширење во октомври, а најмногу заразени биле децата.

Подвидот на делта видот на коронавирусот, која сѐ повеќе се шири во Велика Британија, има помала веројатност да предизвика симптоми на болеста Ковид-19 кај заразени лица, покажало истражувањето на Imperial College во Лондон, чии резултати се објавени денеска.

Само третина развиле „класични“ симптоми на Ковид

Се покажало дека само една третина од заразените со подтип делта сој познат како „AY.4.2“ развиле „класични“ симптоми на Ковид-19, додека кај оригиналниот делта сој (AY.4) речиси половина од испитаниците ги имале.

Кај луѓето заразени со сој делта плус, две третини развиле било какви симптоми на Ковид-19, додека кај оние заразени со делта сој, три четвртини имале барем еден симптом на болеста.

„Полесно се пренесува, но помалку е симптоматска, што е добро“

Се покажа дека подвидот на видот делта се пренесува нешто полесно, но не се покажа дека предизвикува потешки форми на болеста или ги прави вакцините против него помалку ефикасни.

„Се покажа дека нешто полесно се пренесува, но и помалку симптоматска, што е добро“, вели епидемиологот Paul Elliott.

Imperial College веќе објави делумни резултати од истражувањето кои покажуваат дека оваа верзија на вирусот била на врвот на ширење во октомври, а најмногу заразени биле децата. Комплетните резултати од истражувањето спроведено во периодот од 19 октомври до 5 ноември го потврдиле тоа што го покажаа дневните резултати – падот на дневниот број на заразени се поврзува со училишните празници кон крајот на октомври.

‘Booster’ дозата значително го намалува ризикот од инфекција кај возрасните

Истражувањата покажаа и дека т.н ‘booster’ доза на вакцината го намалува ризикот од инфекција кај возрасните за две третини во споредба со луѓето кои примиле две дози.