Постојано пишуваме опции за различни диети и објаснуваме зошто е убаво да ја намалите храната и како можете да влезете во форма најбрзо за топлите месеци.
Сега решивме да обрнеме внимание и на другата гледна точка – зошто не треба да држите диети.
Еве и 10 оправдани причини:
Да си гладен е без врска
Вистината е дека гладните луѓе се нервозни. Нивното тело има потреба од калории и енергија, но тие се немилосрдни кон него.Наместо да држите диети и да гладувате, едноставно хранете се помалку и кога мозокот ќе ви даде сигнал дека веќе сте сити, престанете да јадете.
Луѓето нема да сакаат да одат со вас по локали
Ако вие вечно сте на диета, вашите блиски и пријатели ќе престанат да ве канат на јадење и во ресторани, бидејќи ќе им здодее да ве гледаат како секогаш нарачувате само салати.
Диетите ја засилуваат конкуренцијата меѓу жените
Жените обично имаат многу силна натпреварувачка природа. Тие стануваат супер конкурентни, кога станува збор за внесот на калории. Тие се мотивираат една друга да почитуваат диети, но исто така оваа тема ја ескалира и злобата помеѓу нив.
Луѓето веруваат дека ако се слаби, сè во животот ќе им оди
Жените масовно веруваат дека треба да се слаби за да најдат љубовта. Сметаат дека треба да се витки, за да направат кариера и т. н. Се разбира, совршената фигура воопшто не може да гарантира среќа и успех во животот.
Продолжува на страна 2



















